Македонецот Влатко Андоновски како селектор на женската фудбалска репрезентација на САД стигна до првата победа на Летните Олимписки Игри, откако Американките се извадија за дебаклот со Шведска во првото коло (0-3), па денеска со 6-1 го прегазија Нов Зеланд за да останат во игра за пласман во елиминациската фаза.
Женската фудбалска репрезентација на САД убедливо со 6-1 ја совлада селекцијата на Нов Зеланд и ја оствари првата победа на Олимпискитет игри.
За разлика од дуелот со Шведска, САД одигра многу подобар меч против Нов Зеланд, па селекторот Влатко Андоновски има причини за задоволство. САД доминираа во текот на целиот меч, а серијата беше отворена уште во деветата минута со гол на Лавел, до крајот на првиот дел погоди и Хоран за 2-0. Во 63. минута Ерцег си постигна автогол за убедливо водство на САД од 3-0, но девет минути подоцна Нов Зеланд преку Хасет намали на 3-1.
И најмалата надеж за Нов Зеланд беше убиена во 80. минута кога Прес погоди за 4-1, Морган на три минути до крајот погоди за 5-1, а конечните 6-1 ги постави Бот со автогол.Претходно во оваа група Шведска ја победи Австралија со 4-2. По две одиграни кола прва е Шведска со шест бода, по три имаат САД и Австралија, Нов Зеланд е без бодови. Пласман понатаму обезбедуваат најдобрите две од секоја група и две најдобри третопласирани од трите групи.