
Кениецот Елиуд Кипчоге докажа дека е најподготвениот маратонец во светот, откако синоќа успеа да го освои второто олимписко злато.
36-годишниот натпреварувач во потполност ја оправда фаворитската улога, посебно во отсуство на Кенениса Бекеле и ја истрча дистанцата од 42,195 километри за време од 2:08:38.
Кипчоге стана само третиот човек во историјата, кој успеал да ја одбрани олимписката титула во маратон.
Освен него, истиот успех го остварија Абебе Бикила (1960 и 1964) и Валдемар Чиерпински (1976 и 1980).
Зад Кипчоге, на подиумот завршија уште двајца претставници на Европа, односно Абди Нагеје од Холандија (2:09:58) и Башир Абди од Белгија (2:10:00).