Ракометарките на Чаир се пласираа во осминафиналето на ЕХФ Европскиот куп, откако и во реваншот го совладаа тимот на Кур од Азербејџан, овојпат уште поубедливо со 32-21.
По триумфот од 27-24 на првата средба, избраничките на Басри Љатифи во реваншот целосно го надиграа противникот и уште од самиот почеток покажаа дека нема да дозволат изненадување. Чаир доминираше во текот на целиот натпревар и заслужено обезбеди место меѓу најдобрите 16 екипи во натпреварувањето.
Дамчевска, Махмуд, Ристиќ, Павлова, Галал и Ѓорѓиевска постигнаа по четири гола, додека Кралева и Велјаноска се запишаа по трипати во листата на стрелците. Голманките Којовиќ и Кирова комбинираа десет одбрани.
Со двете победи над Кур и пласманот во осминафиналето, Чаир го повтори најголемиот клупски успех од сезоната 2024/25 и уште еднаш потврди дека има сериозен потенцијал за европски дострели.
Чаир продолжува да ја брани честа на македонскиот женски ракомет на европската сцена!




