
Машката ватерполо селекција на Србија успеа да ја одбрани олимписката титула од Рио 2016 и да го освои второто олимписко злато.
Во финалето на турнирот, нашите северни соседи славеа со 13-10 над нашите јужни соседи, односно Грција.
За Грција, ова беше првиот медал воопшто во ватерполо на Летните олимписки игри во историјата.
Во првата четвртина, Србите тргнаа фуриозно и поведоа со навидум убедливи 7-4, но до крајот на третата четвртина, Грците дојдоа до негатива од само 10-9.
Сепак, во последниот квартал, старо-новите олимписки прваци направија серија од 3-1 и ја обезбедија титулата.
Од грчкиот состав, по два гола постигнаа Димитриос Скумпакис, Јанис Фунтулис и Ангелос Влахопулос, а голманот Емануил Зердевас одбрани 8/21 противнички удари.
Неговиот колега на спротивната страна, Бранислав Митровиќ, имаше 8/18 одбранети шутеви, а хет-трик запишаа Душан Мандиќ, Никола Јакшиќ и Андрија Прлаиновиќ.
Во мечот за третото место, Унгарија ја совлада Шпанија со 9-5 и ја освои олимписката бронза.