
Српските спортисти на ЛОИ 2020, од Токио се вратија со вкупно девет медали што претставува нов рекорд на Србија.
Од нив, дури три беа златни, а еден беше сребрен, заедно со уште пет бронзи.
Имено, со злато се закитија машката ватерполо репрезентација, Милица Мандиќ (теквондо) и Јована Прековиќ (карате), а сребро освои Дамир Микец (стрелаштво).
Со бронза од Јапонија се вратија женската одбојкарска селекција, машките кошаркари во баскет 3х3, Тијана Богдановиќ (теквондо), Миленко Себиќ (стрелаштво) и Зураб Датунашвили (борење).
Српските граѓани со голема гордост синоќа ги пречекаа своите миленици среде Белград и направија одлична атмосфера и покрај пандемијата.