Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе во Имола стигна до второто место по првата трка во годишниот ТЦР-шампионат.
Стефановски во првата трка заостана 0,816 секунди зад победникот Кевин Чекон, а трет заврши Русинот Евгени Леонов. Втората трка во Имола ќе се одржи утре од 12.15 часот.