Вториот македонски претставник го одработи својот настап на Летните Олимписки игри во Токио со подобро остварено време од пријавеното.
Филип Деркоски оствари личен рекорд на 400 метри слободно, но сепак заврши на последната позиција во конкуренција на 36 пливачи.
Македонскиот пливач ја преплива патеката со време од 4:03:34 минути или за 76 стотинки побрзо од времето со кое се пријави на Олимпијадата во Токио.
Тој се појави во првата квалификациска група на натпреварувачи составена од четири пливачи, а покрај него уште еден пливач исплива со над 4 минути, а тоа беше Џејмс Фриман од Боцвана.

Останатите беа подалеку побрзи од 20 годишниот македонски претставник.
Денеска се натпреваруваше и Борјан Бранковски кој во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри го освои 21. место од 36 натпреварувачи.