Словенија денеска и во третиот натпревар во Токио стигнаа до победа овојпат над актуелниот светски шампион Шпанија со резултат 92:87.
Најефикасни кај победникот беа Влатко Чанчар со 22 поени, Мајк Тоби забележа 16 поени и 14 скока, Клемен Препелич 15 поени, а Лука Дончиќ 12 поени, 14 скока и девет асистенции. Кај “фуријата” најефикасен беше Рики Рубио со 18 поени пред Абалде со 14.