Финалето на 100 метри во машка конкуренција ја затвори денешната атлетска програма на ЛОИ 2020 во Токио.
На оваа трка, до првото олимписко злато во кариерата дојде Италијанецот со американско потекло, Ламонт Марсел Џејкобс, кој постави нов национален рекорд со време од 9,80 секунди.
На второто место се пласираше Американецот Фред Керли, кој со 9,84 секунди се закити со сребро.
Долгогодишниот врвен спринтер, Андре де Грас, иако важеше за главен фаворит после отпаѓањето на Трејвон Бромел, накрај мораше да се задоволи ,,само” со бронза (9,89).
Во продолжение, сите останати атлетичари истрчаа под десет секунди, освен Британецот Жарнел Хјус, кој беше дисквалификуван поради предвремен старт и Нигериецот Енок Адегоке, кој не ја заврши трката.
Пласманот од четвртата до шестата позиција го комплетираа Акани Симбине (9,93), Рони Бејкер (9,95) и Бингтијан Су (9,98).