На ЛОИ во Токио кои се во тек веќе се доделуваат првите медали, Кина успеа да дојде до првото злато од вкупно 339 колку што ќе бидат доделени во Токио.
Натпреварувачката од Кина, Кијан Јанг триумфираше во дисциплината 10 метри воздушна пушка.
Со последниот истрел Јанг дојде до победата, севкупно славеше со резултат 251,8 кругови што претставува нов олимписки рекорд.
Среброто го освои Анастасија Галашина од Русија со резултат 251,1 кругови, а „бронзена“ е Швајцарката Нини Крсиетн (230,6).
Кина дојде до уште еден златен медал исто така во женска конкуренција, во кревање тегови во класата до 49 кг. најдобра беше Жихуј Хоу со подигната тежина од 210 килограми пред Саихом Чану Мирабаи од Индија и Сантика Винди Аисах од Индонезија.
