Грк Тиквеш денес на својата фан страна се пофали дека се договориле со младото десно крило Евгениј Темелкоски кој ги бранеше боите на Голден Арт во изминатата сезона. Претходно во својата кариера уште има играно за Прилеп и Работнички.
Во екипата на Тиквеш на десно крило останува и капитенот Орданчо Лазов со што се комплетира и десната крилна позиција откако вчера беше соопштено дека на левата страна остануваат Кондев и Коцев.