1.Дали Нора Мемедова редовно тренира и го надградува својот талент за време на пандемијата со вирусот Ковид-19 ?
-Поради операцијата од пред еден месец и состојбата со коленото, моментално не сум во можност да тренирам редовно но за најскоро време се гледаме на кошаркарските терени.
2. Што работи Нора Мемедова во моментот, со оглед на тоа дека операцијата на коленото помина успешно?
Фала богу операцијата е успешна и досега е се како што треба, Целата ситуација ја следи д-р. Борислав Илиев. Во моментов сум на болничко боледување т.е не работам и целосно сум посветена на опоравување од операцијата.Моментално, единствено се вежбите кои ги работам дома со помош на физиотарапевт.
Редовно се консултирам со мојот физиотарапевт со кој имаме одлична соработка. Со негова помош успевам да ги реализирам вежбите и задачите кои ги работам во домашни услови. Испраќам голема благодарност до него за поддршката која секојдневно ја добивам од него.

3. Дали и кога е планирано да се вратиш првично со тренинг а подоцна и со натпревари?
Со нетрпение го чекам денот кога повторно ќе го ставам дресот од КК Петровски и ќе се вратам на терен. Според последните контроли од доктор, најверојатно ќе се вратам на теренот во рок од 4 до 6 месеци. Сепак, не сакам да се брзам и заздравувањето да биде по докторските препораки, макар и да одземи повеќе време.

4.Дали ги следиш протоколите и дали ги почитуваш мерките во врска со Ковид 19
-Да апсолутно. Внимателна сум во секоја смисла. Не би сакала да се загрозам себе си, ниту најблиските. Маска, средства и дистанца се мерките кон кои се придржувам.

5.Што препорачувате во врска со превенција и заштита од Ковид-19 на нашите читатели и на вашите пријатели, следбеници, соиграчи?
Чувајте се, заштитете се, заштитете ги тие што ги сакате најмногу. Почитувајте ги мерките за вас и за луѓето околу вас. За да можеме да се вратиме посилни на терен треба ние спортистите да ги почитуваме мерките и протоколите кој што служат за наша и ваша заштита.