javisejuzna.mk: Здраво Никола. Кога и каде започна со пливање, триатлон и воопшто со спорт?
Со спорт првично почнав на моја 11-та година во Радожда со пливање каде што ме тренираше мојот покоен татко. Но, само во летен период кога и почна да ме носи во Струга во тогашната школа за пливање. Во тек на цела сезона тренирав активно ракомет, и паралелно пливање, се до 2009. година кога на убедување на тогашниот тренер (Ѓорѓи Чуркоски) колку и да не де мирисаме поради неговото его (тој и само тој) , после повреди на рамото не пливав повеќе и ме убеди да пробам триатлон. Со помош на покојниот Ѓорѓи Кузманоски, тогашен претседател на триатлон федерација и човек кој е задолжен за целиот досегашен развој на триатлонот во Македонија ми беше доделен велосипед за да почнам да се занимавам со триатлон.

javisejuzna.mk: Од каде љубовта за пливањето и триатлонот ?
Љубовта за пливањето е од самото место што сум по потекло од Радожда по татко, каде што живеев до мојата 15 та година па поради средна школа и факултет заминав од Радожда, каде што ме тренираше татко ми и нормално брат ми, за да ми води инет
. Како што минуваше времето и условите,тогашниот мој втор тренер Никола Докоски како професор во средното гимназиско школо ме убеди да се вратам на тренинзи и Лиза Чакареска која ми беше тренер по пливање. Љубовта кон триатлонот дојде спонтано и уште позаразно од пливањето. Промена на средини во еден спорт и стана уште поинтересно

javisejuzna.mk: Има ли шанси Македонија да добие во иднина шампиони во пливање, триатлон, велосипедизам со оглед на лошите услови со кои се соочуваме за тренинзи, инфраструктура, начин на исхрана итн. ?
Со оглед на проблемите со кои што се соочувавме околу условите, наоѓањето услови за пливање во хотелските базени , раното пливање во езеро, а и раните државни првенства во пливање и триатлон, уште не почнати во езеро со тренинзи каде што тренираме два пати на ден, сепак произлезени се Шампиони. Во пливање имавме во 2011-2012 година во женска категорија Драгица Нестороска на маратонско пливање во категорија кадети, кај момците Никола Џутески. Имаше уште неколку стварно одлични деца од таа генерација што ја водев, но поради немањето доволно услови преку цела година истите се разотидоа, некој во Скопје, некој по странство, а некој во други спортови. Во поново време во последниве 7 години од постоењето на Пливачкиот и триатлон клуб 3Дисциплини имаме шампиони на секое ниво. Најдобри резултати во сениорска категорија, државен првак, и победник на меѓународни натпревари во Балканов и надвор е нашата струшка легенда Димитар Јованоски, кој е вториот после мене од нашиот клуб и е апсолутен државен првак во триатлон и дуатлон на Македонија. Имено тој е и победник, државен првак во Јуниори, кадети и постари пионери и првиот мој ученик кој и мене ме победил. Освен него тука се Цветко Митрески кој е државен првак во јуниори, кадети и пионери. Верица Митреска првак во јуниори , кадети, пионери и освојувач на медали во прсно 50-100м, делфин 50-100м. Од постарите генерации мораме да ги напомениме и Давор Поповски, Габриел Котевски, Ања Еклер и уште многу многу други што ненамерно ќе ги испуштам затоа што стварно во нашава Струга има огромен број на талентирани спортисти. Во споредба со минималните услови што ги создаваме сами, ние сме СВЕТСКИ ШАМПИОНИ.

javisejuzna.mk: Колку членови брои триатлон клубот 3Дисциплини и колку си задоволен од нивните резултати?
Нашиот клуб брои 47 членови натпреварувачи во Триатлон, дуатлон, акватлон. (Вкупно школа за триатлон и сите членови и за триатлон таа бројка достигнува до 75 лица преку зимскиот период), 25 членови во пливачките натпревари (натпреварувачи за пливање). Само во пливачката школа минатата година имавме 200 члена, а годинава стигнавме до 280 членови . Плус имаме тим за велосипедизам кој брои 22 члена.

javisejuzna.mk: Колку години постои летната пливачка школа во Струга и колку дечиња досега научиле да пливаат во неа ?
Нашата пливачка школа, триатлон клубот, а воедно и пливачкиот клуб како пливачки клуб и школа постојат од 2016 година, за почетокот како единствена пливачка школа во Струга која што држеше часови за пливање имавме само 80 деца . Со тек на годините бројката достигнуваше се повисок рејтинг од резултатите на нашиот пливачки и триатлон клуб, па изминатата година и оваа го достигнавме бројот од 300 члена. Бројката за тоа колку дечиња научиле да пливаат не можам да ја дефинирам, затоа што работав како тренер и во поранешниот пливачки клуб, па така неможам да ја потврдам точната бројка изминативе години. Од 2017 година како единствен пливачки клуб во Струга со натпреварувачи на државни натпревари по пливање, маратонско пливање, триатлон и пливачка школа можам да кажам дека секоја година во просек биле околу 250 деца со сите услови што ги имаме и создаваме преку целата година. Тука спаѓаат тренинзите во нашите хотелски базени Мираж и во поново време Хотел Изгрев.
javisejuzna.mk: За крај што ќе им порачаш на читателите на www.javisejuzna.mk зошто е важно да се занимаваат со спорт ?
Во денешницава најголем проблем се телефоните, смартфоните. Децата ја имаат изгубено активноста, дружбата па секој спорт е одлична можност за активирање на организмот. Поточно пливањето и како главен и основен дел на триатлонот, е единствениот спорт што во исто време ги активира сите мускули. За тие поспремните, авантуристички настроени и кои сакаат поголем предизвик тука е триатлонот. Тој пружи голема активност, а воеедно и разбивање на монотонијата.
