Стефан Мечкароски е млад и амбициозен фитнес и кондициски тренер кој работи со фудбалскиот шампион Струга Трим Лум од 2018 година. Покрај работните активности за шампионот, тој работи и со индивидуални и полуиднивидуални тренинзи, а летово имал можност да работи и со ракометниот клуб РК Струга. Стручњаците зборуваат дека важи за еден од најдобрите во Струшкио-охридскиот регион, а резултатите само го потврдуваат тоа.
javisejuzna: Здраво Стефан. Најпрво од каде љубовта спрема спортот ?
-Љубовта спрема спортот потекнува уште од мали нозе, кога родителите ме запишаа на пливање, мојата прва љубов . После пливањето тренирав кошарка одреден период, потоа фудбал во кој се задржав најмногу, прво како играч, а сега продолжив и како кондиционен тренер.
javisejuzna: Колку време си кондиционен и фитнес тренер на шампионот Струга Трим Лум ?
-Во Струга Трим и Лум сум од јануари 2018 година по препорака на мојот драг пријател и колега, тогашен главен тренер на Струга Трим Лум , Александар Танчески.

javisejuzna: Дали е ова твое прво искуство како кондиционен тренер или имаш работено и во други клубови или други спортови ?
– Да, ова е моето прво искуство како кондиционен тренер. Но, покрај тоа работам и со индивидуални и полуиднивидуални тренинзи, а ова лето имав прилика да работам и со ракометниот клуб РК Струга .
javisejuzna: Дали се разликува физичката подготовка на фудбалери и во што е поразлична од други спортови ?
-Сите спортови се разликуваат едни од други, во зависност од побарувањата на самиот спорт. За фудбалот би издвоил дека се разликува во доминацијата на енергетските системи, интерниот и екстерниот замор,итн.итн…
javisejuzna: Со самото тоа што работиш во шампионот на Македонија важиш за најдобриот во твојата струка во Струшко-охридскиот регион. Ти годат ли ваквите пофалби ?
-Мило ми е што мислите дека важам за еден од најдобрите во регионот и ваквите пофалби ми се само уште еден голем мотив плус, за работа. И се надевам дека во наредното интервју нема да е само Струшко-охридскиот

javisejuzna: За крај што ќе им порачаш на читателите на www.javisejuzna.mk зошто е убаво да се занимаваат со спорт и физичка активност ?
-Здравјето пред се! А со спортување и физичка активност го подобруваме и физичкото и менталното здравје, подобар сон,подобро расположение,подобар изглед,дружење и уште многу други причини.
