Маркус Турам е 23-годишен напаѓач кој што Борусија Менхегладбах го има во своите редови, а сега за него има понуди од тимови како што се Барселона и Јувентус. Маркус е син на прославениот Лилиан Турам, кој што имаше богата и долга кариера во многу европски клубови како и репрезентативец на Франција.
Маркус тргна по стапките на својот татко, но место во дефанзивата тој се реши да биде напаѓач и во тоа не погреши бидејќи е врвен стрелец кој што многу ќе напредува во иднина.
Во репрезентацијата на Франција доби и дебитантски повик од селекторот Дидие Дешамп и тоа е потврда на неговите квалитети. Негов менаџер е Мини Рајола и со таков менаџер може само да се очекува дека ќе ја добие најдобрата понуда и ќе игра во голем клуб.



