Миа Блажевска Еминова (15 години) заврши на 1. позиција во втората квалификациска трка на 100 метри слободно, во конкуренција на осум натпреварувачки.
Таа оствари време од 57.19 секунди, што е за шест стотинки послаб резултат од оној во квалификациите за Летните Олимписки Игри. Втора во нејзината група заврши Џилиан Кај со време 57.32

Миа ги заврши настапите во Токио на 40. позиција во конкуренција од 52 пливачки.