
Редуцираната форма на стандардното рагби, рагби 7, беше воведена на ЛОИ во Рио во 2016.
Први олимписки шампиони во овој спорт беа рагбистите на Фиџи, кои денес ја одбранија титулата стекната пред пет години.
Во финалето, Фиџијците славеа над Нов Зеланд со 27-12.
Актуелните шампиони поведоа со 12-0, па со 19-5, за накрај убедливо да триумфираат над популарните ,,Ол Блекс”.
Есеи за победничкиот состав забележија Мели Дереналаги, Сирели Макала, Џуита Ваиниколо и Асаели Туивуака, од пенал прецизен беше Ваисеа Накуку, а Наполиони Болака погоди две од четирите конверзии.
За Нов Зеланд, Ендру Њустаб конвертираше еднаш, а по едно полагање запишаа Скот Кари и Сионе Молија.
На патот до финалето, во нокаут-фазата, Фиџи помина преку Австралија (19-0) и преку Аргентина (26-14), додека Нов Зеланд ги порази Канада (21-10) и Велика Британија (29-7).
Во битката за бронза, Аргентина славеше над Велика Британија со 17-12.