После 24 јануари, Светскиот куп во биатлон се врати на програмата и тоа со последната женска штафетна трка (4х6 км) во Нове Место, Чешка.
На неа, до втората овосезонска победа и до титулата во оваа дисциплина дојде Шведска (1:03:26,6), за која скијаа Мона Брорсон, Хана Оберг, Лин Персон и Елвира Оберг.
Исто така, до вториот подиум во сезоната дојде Белорусија (+1,2), која попушти во самиот финиш. За оваа селекција настапија Ирина Крјуко, Ѕинара Алимбекава, Хана Сола и Елена Кручинкина.
Со третото место се задоволи Франција (+27,8), односно Ане Бекон, Жистин Бреза-Буше, Клое Шевалие и Жулија Симон.
Големо потфрлување беше Норвешка (+40,0), која, во фото-финиш, го победи САД (+40,1) во битката за четвртото место.
Имено, Норвежанките беа први после првите две измени, Ингрид Ландмарк Тандерволд и Тирил Екоф, но Ида Лиен и Марте Олсбу Роиселанд не успеаја да ја оправдаат фаворитската улога.
📸 MICHAL CIZEK/AFP via Getty Images