На денешната програма од Светското првенство во ски скокови во машка конкуренција беа квалификациите на големата скокалница (ГС 137) во Оберстдорф, Германија.
На нив, со скокот од 127 метри доволен за 143,5 поени, до победата дојде Штефан Крафт.
Второпласираниот Јохан Андре Форфанг беше единствен скокач што ја прескокна границата од 130 метри, односно се приземји на линијата од 133,5 метри.
На третата позиција заврши второпласираниот во генералниот пласман, Маркус Ајзенбихлер, а во топ 5 се пласираа Пјотр Жила и Кеичи Сато.
Освен наведените натпреварувачи, на првите десет места завршија уште: Петер Превц, Даниел Хубер, Рјоју Кобајаши, Давид Кубацки и Филип Ашенвалд.
Поради вчерашниот позитивен тест на КОВИД-19, новиот шампион на Светскиот куп, Халвор Егнер Гранеруд, ќе ги пропушти наредните натпреварувања.
📸 Sandra Volk/NordicFocus/Getty Images