Поради пандемијата од КОВИД-19, властите во Норвешка не дозволуваат никакви групурања и спортски настани.
Поради оваа причина, беше откажан цел турнир ,,Роу Ер”, односно сите натпреварувања од Светскиот куп во ски скокови, кои требаше да се одржат во Лилехамер, во Осло, во Трондхајм и во Викерсунд.
Вчера стигна официјална потврда дека словенечката Планица ќе биде во можност да го присвои само натпреварувачкиот ден од Викерсунд, додека сите останати ќе бидат откажани.
Сето ова резултира со фактот дека до крајот на сезоната остануваат само уште три натпреварувања во индивидуална конкуренција.
Поради тоа, нов шампион во ски скокови ќе биде првопласираниот во генералниот пласман – Халвор Егнер Гранеруд.
Норвежанецот победи дури единаесет пати сезонава што претставува национален рекорд, притоа забележувајќи вкупно 1544 поени.
На втората позиција се наоѓа неговиот најблизок конкурент, Маркус Ајзенбихлер, кој доцни 526 бодови, додека на располагање се само уште максимални 300.
Сепак, Норвежанецот не можеше да ја прослави првата шампионска титула со полна пареа, бидејќи доби позитивен тест на КОВИД-19.
Со оглед дека му следува задолжителна повеќедневна самоизолација, Гранеруд ќе ги пропушти тимскиот и индивидуалниот настан на тековното Светско првенство во Оберстдорф.
📸 Stanko Gruden/Agence Zoom/Getty Images