Натпреварувачкиот викенд во Контиолахти (Финска), во рамките на Светскиот куп во биатлон, беше отворен со денешната женска штафета.
На неа, фаворитската улога ја оправда селекцијата на Норвешка (1:09:48,1) за која настапија Марте Олсбу Роиселанд, Тирил Екоф, Ида Лин и Ингрид Ландмарк Тандерволд.
Второто место го освои Шведска (+37,7), односно Лин Персон, Ана Магнусон, Хана Оберг и Елвира Оберг, кои го одбранија малиот кристален глобус од минатата сезона.
Подиумот го комплетираа Самуела Комола, Доротеа Вирер, Федерика Санфилипо и Лиза Витоци, носејќи и’ бронза на Италија (+1:00,2).
Во продолжение, под три минути доцнеа Германија (+1:57,1), Швајцарија (+2:37,1) и Австрија (+2:55,8).