
На првото официјално натпреварување од турнејата ,,Роу Ер”, одржано во Лилехамер (Норвешка), триумф запиша Штефан Крафт.
Австриецот беше второпласиран на вчерашните квалификации, а денес дојде до победата со најдоброто издание во втората серија.
Втората позиција му припадна на Рјоју Кобајаши, кој заврши пред третопласираниот Карл Гајгер и дополнително ја зголеми својата предност во генералниот поредок.
Најдобар домашен претставник беше Халвор Егнер Гранеруд на четвртото место, а како петти се пласира Јан Херл, кој прескокна најдолги 142,5 метри.
Пласман во првите десетмина изборија уште: Маркус Ајзенбихлер, Цене Превц, Пјотр Жила, Мануел Фетнер и Камил Штох.