
Од навидум безизлезна ситуација, Мајами Долфинс се вклучија во битката за плејоф, откако станаа првиот тим во историјата што имал серија од седум порази и од седум победи во една сезона.
Имено, ,,Делфините”, во последниот меч од шеснаесеттото коло, ги искомплицираа шансите за доигрување на Њу Орлеанс Сеинтс, поразувајќи ги со 3-20.
Единствените поени на домаќините дојдоа во втората четвртина преку успешниот филд-гол на Брет Маер.
Домашниот квотербек, Иан Бук, синоќа дебитираше во НФЛ и освои скромни 135 јарди од 12/20 комплетирања, а притоа уфрли и две пресечени додавања.
Едното од нив заврши со тачдаун, односно со пик-6 на Ник Нидам, а од составот на Мајами, останатите поени ги постигнаа Џејлен Ведл (тачдаун) и шутерот Џејсон Сандерс.
На квотербековската позиција за Долфинс настапи Туа Таговаилоа, кој префрли 198 јарди од 19/26 обиди, еден тачдаун и еден пресечен пас.
Во своите конференции и двете екипи ги заземаат деветтите позиции, но Мајами (8-7) е во подобра ситуација за пласман во плејофот, отколку Њу Орлеанс (7-8).
Во соработка со НФЛ Македонија