
После мини-серијата од два порази, Далас Маверикс се вратија на победничките патеки, откако ги надиграа Портланд Трејл Блејзерс со 117-132.
Домаќините имаа резултатска позитива само на почетокот, кога поведоа со 3-2, а во останатиот дел од мечот, Далас држеше двоцифрено водство.
Кај победниците, поради КОВИД-19 протоколи, фалеше Лука Дончиќ, но во негово отсуство, најдобро се снајде Криштапс Порзингис.
Летонецот беше најефикасен на натпреварот со 34 поени, а од неговите соиграчи, уште 22 кошеви додаде Двајт Пауел.
Од редовите на Портланд, Демиен Лилард беше најпрецизен со 26 поени, а дабл-дабл запиша Насир Литл (20 поени и 10 скокови).
Далас (16-17) дојде до седмото место на Западот, додека Портланд (13-20) ја зазема единаесеттата позиција.