
На првиот овосезонски натпревар од НФЛ, кој беше одигран во Лондон, Њу Орлеанс Сеинтс несреќно загубија од Минесота Викингс со 28-25.
Откако тачдауните паѓаа по наизменичен редослед сè до последната минута, Минесота поведе со филд-голот на Грег Џозеф на триесет секунди пред крајот.
Сепак, во последната секунда, неговиот колега од спротивната страна, Вил Латц, шутираше од 61 јард, но топката погоди во две стативи и излезе надвор од посакуваното место.
За ,,Викинзите”, Џастин Џеферсон постигна еден тачдаун со трчање и освои 147 јарди со фаќање, а уште едно положување имаше Александер Матисон.
Нивниот квотербек, Кирк Казинс, освои 273 јарди со 25/38 прецизни додавања.
Квотербекот на Сеинтс, Енди Далтон, имаше сличен учинок (236 јарди од 20/28 прецизни обиди), а од неговите соиграчи, тачдаун имаа Латавиус Мареј, Тајсом Хил и Крис Олаве.
Во Националната лига, Њу Орлеанс (1-3) падна на последното место, а Минесота (3-1) изби на втората позиција со натпревар повеќе во однос на конкурентите.



