Guangzhou Circle (кругот Гуангжу) се смета за најголемата тркалезна зграда во светот. Гуангжу опфаќа 85.000 квадратни метри, има 138 метри во висина и вкупно 33 спрата. Се издвојува од слични тркалезни згради во светот по дупката во средината од зградата со дијаметар од 48 метри.
Зградата која ја дизајнирал Италијанскиот архитект Џозеф ди Паскале се наоѓа во кинескиот град во провинцијата Гуангдонг покрај бреговите на реката Бисер (Zhu Jiang). Во зградата се сместени две финансиски институции – седиштето на влијателната корпорација „Hongda Xingye“ и еден од најголемите места за трговија со пластика во светот – Guandong Plastic Exchange.