
Екипата на Пенрит Пантерс е старо-новиот шампион на НРЛ, откако успеа да ја одбрани титулата од минатата сезона.
Во финалето, Пантерс дојдоа до четвртата клупска круна, совладувајќи ги Парамата Илс со 28-12.
После еден час игра, победниците имаа целосна контрола на мечот и водство од 28-0, после кое допуштија дванаесет поени.
За Пенрит, Нејтан Клери погоди четири шутеви, а есеите ги постигнаа Стивен Крајхтон (10′), Брајан То’о (17′, 45′), Скот Соренсен (27′) и Чарли Стејнс (58′).
На спротивната страна, Митчел Мосес беше прецизен од двете конверзии по положувањата на Клинтон Гатерсон (76′) и на Џејк Артур (77′).