
Откако целосно издоминира на Светското првенство во Оберхоф (Германија), Јоханес Тингнес Бо ја продолжи својата непобедливост и во Светскиот куп.
Имено, на првата трка после СП 2023, односно на денешниот спринт во Нове Место (Чешка), Норвежанецот (22:39,6) дојде до шеесет и деветтата индивидуална победа во својата кариера.
Зад него, на подиумот се пласираа уште неговиот брат, Тарјеи Бо (+30,0) и сонародникот – Ветле Сјастад Кристијансен (+1:15,2).
За две секунди, без пиедестал остана и четвртиот Норвежанец при врвот, Ендре Стромсхајм (+1:17,9), а пласманот во првите петмина го пополни Французинот Фабиен Клод (+1:23,0).