
Во единствениот денешен натпревар од финската хокеарска Лиига, Тапара го совлада ТПС Турку со 2-3.
За гостите, овој триумф значеше и скок на првото место на табелата за првпат сезонава, додека ТПС се наоѓа на осмата позиција.
На мечот, домаќините двапати поведуваа, благодарение на головите на Арту Иломаки и на Јухани Јасу.
Од друга страна, претставниците на Тампере израмнуваа преку Вели-Мати Савинаинен и преку Бен Томас, а трите бода ги обезбеди Касимир Јургенс.