
Во првиот меч од осминафиналната серија на КХЛ, Автомобилист Екатеринбург го искористи домашниот терен и славеше над Металург Магнитогорск со 4-2.
При крајот на првата третина, Артјом Минулин им донесе водство на ,,Лисиците”, но домаќините направија пресврт преку Грегориј Белоусов и преку Ник Еберт.
До доаѓањето на втората пауза, Металург успеа да избори израмнување, благодарение на Николај Голдобин, но во третиот период, конечниот резултат го поставија Куртис Волк и Сергеј Широков.
Вториот натпревар од меѓусебната серија е закажан за сабота, а домаќин, повторно, ќе биде екипата на Автомобилист.
https://www.instagram.com/reel/CpSs7RcvBLJ/?igshid=NmE0MzVhZDY=