Првата машка трка во 2023 од Светскиот куп во биатлон беше денешниот спринт во Покљука, Словенија.
На него, Норвешка оствари хет-трик на подиумот со 1-2 победа на браќата Јоханес Тингнес Бо (23:55,9) и Тарјеи Бо (+48,1), кои го оставија зад себе Штурла Холм Лагреид (+55,6).
Поради едниот промашај, без пиедестал остана Бенедикт Дол (+1:03,3), а пласманот во топ 5 го комплетираше Михал Крчмар (+1:03,9).
Во продолжение, заостаток под една и пол минута имаа уште: Томазо Џакомел (+1:09,5), Тимофеј Лапшин (+1:17,3), Роман Реес (+1:17,9), Квентин Фијо Маје (+1:21,2), Антонан Жигона (+1:27,7) и Јоханес Дале (+1:28,8).