
Новата 2023 година од Светскиот куп во нордиска комбинација беше отворена со единственото тимско натпреварување во мешана штафета (со исклучок на СП), одржано во Отепаа, Естонија.
Вториот дел од сезоната, со триумф, очекувано, го отвори репрезентацијата на Норвешка (36:19,6) во состав на: Ида Марие Хаген, Гида Вестволд Хансен, Јорген Граабак и Јенс Лураас Офтебро.
Лидерите после првата серија, Германија (+18,2), односно Џени Новак, Натали Армбрустер, Мануел Фаист и Јулијан Шмид се пласираа на второто место.
Најниската скала на пиедесталот им припадна на: Аналена Сламик, Лиза Хирнер, Лукас Грајдерер и Франц-Јозеф Рерл, кои ги бранеа боите на Австрија (+1:30,6).
Во продолжение, поредокот гласеше: Финска (+3:01,8), Јапонија (+3:02,0), Италија (+3:02,9), Словенија (+3:30,2), САД (+3:46,6) и Чешка (+5:53,0).