
Последната станица од Тур д Ски, во рамките на Светскиот куп во крос-кантри, е италијанскиот ски-центар Вал ди Фиеме.
Првото натпреварување во областа Трентино, а воедно и петтото на турнејата, беше денешниот спринт, кој служеше како увертира за последните два масовни стартови.
Кај жените, хет-трик направија Норвежанките, кои ги зазедоа сите три позиции на подиумот со првата победа на Лота Уднес Венг (3:06,04), со среброто на нејзината сестра, Тирил Уднес Венг (+0,35), како и со бронзата Матилде Мирволд (+0,67).
На останатите три места од финалето се пласираа Катарина Хених (+0,83), Криста Пармакоски (+1,29) и Тереза Беранова (+2,55).
https://twitter.com/NordicMag/status/1611346847884345347?t=x1YanORAIZECrP7CGmpPMw&s=19
Во машка конкуренција, Јоханес Клебо (2:43,85) ја продолжи својата доминација со петтата победа во низа, оставајќи го зад себе Кале Халфварсон (+0,26), кој изби на второто место во поредокот на турнејата.
На третото место, за втор подиум во кариерата, се пласираше Италијанецот Симоне Мочелини (+0,94), а во големото финале се тркаа уште Лука Шанава (+1,23), Јохан Хегстром (+1,41) и Антоан Сајр (+2,99).