
Откако вчера беа одржани трките во спринт, на денешната програма од Светскиот куп во биатлон во Хохфилцен, Австрија, беше потерите во машка и тимската трка во женска конкуренција.
Кај мажите, после три стрелања изгледаше дека Штефан Кин ќе ја одбрани првата позиција, но Германецот направи три грешки при последното пукање и заврши како петнаесетти (+55,3).
Неговото потфрлување најдобро го искористија Французите, кои ги окупираа сите три места на подиумот преку Квентин Фијо Маје (33:52,0), Емилиен Жакелан (+32,1) и Симон Дестио (+38,2).
Во половина секунда со третопласираниот Дестио се наоѓаа уште Себастијан Самуелсон (+38,3) и Тарјеи Бо (+38,7), останувајќи без медал во фотофиниш.
Во женската штафета, најдобро се покажа Шведска (1:13:52,5), во чиј состав настапија Лин Персон, Ана Магнусон, Хана Оберг и Елвира Оберг.
Второто место, со заостаток од 29,1 секунди го освоија Русинките (Валерија Васнецова, Светлана Миронова, Улијана Нигматулина и Кристина Резцова), а како втора и единствена селекција со заостаток под една минута (+59,2) имаше Франција (Ане Бекон, Ане Шевалие-Буше, Клои Шевалие и Жистин Бреза-Буше).
Во продолжение, помал заостаток од две минути имаа само Германија (+1:06,5), Украина (+1:33,0), Австрија (+1:53,7) и Норвешка (+1:53,7).