
Во дербито на седумнаесеттото коло од италијанската Серија Б, Пиза го совлада Лече со минимални 1-0.
Иако гостите беа подобри во речиси сите статистички параметри, домаќините дојдоа во водство преку Џузепе Сибили (58′).
За Италијанецот, ова беше четврти овосезонски погодок, кој го стави на второто место во листата на стрелците на својот тим.
За Пиза, ова е прв меѓусебен триумф на домашен терен против Лече после 2014 и воедно четврт на последните пет средби во Серија Б.
На табелата, составот на Лука Д’Анџело го држи првото место, додека Лече падна на третата позиција.