
Третиот натпреварувачки ден од викендот во Отепаа (Естонија) од Светскиот куп во биатлон се состоеше од трките со масовен старт.
Кај мажите, со стопроцентен стрелачки учинок, до победата дојде Норвежанецот Ветле Сјастад Кристијансен (34:29,6).
На второто место заврши Французинот Квентин Фијо Маје (+5,9), кој воедно го обезбеди и првото место во генералниот поредок, освојувајќи го големиот кристален глобус.
Како третопласиран заврши Сиверт Гуторм Бакен (+15,5), а во првите петмина се најдоа уште Антонан Жигона (+30,5) и Ерик Лесер (+38,6).
Во женска категорија, најбрза беше Елвира Оберг (34:41,6), која славеше по четврт пат во сезоната и во својата кариера.
Втората позиција, после огромна борба, и’ припадна на Денизе Херман (+4,5), а лидерката во генералниот поредок, Марте Олсбу Роиселанд (+4,8), го освои третото место.
На првите пет позиции се пласираа уште Лин Персон (+5,9) и Франциска Пројс (+8,1).