
Екипата на Северстаљ Череповец избори ,,мајсторка” против Динамо Москва во осминафиналето на КХЛ.
Имено, во шестиот меѓусебен дуел, Северстаљ славеше со 3-2 и израмни на вкупни 3-3 во меѓусебната серија.
Заклучно со средишниот период на втората третина, домаќините стекнаа водство од 3-0 со головите на Адам Лишка, на Јоонас Натинен и на Данил Вовченко.
До крајот на втората третина, Динамо успеа да намали на 3-2 преку Дмитри Рашевски и Вјачеслав Војнов.
Третата третина, наместо со борба со пакот, беше одбележана со борбата помеѓу играчите при што беа доделени вкупно десет дисциплински казни.
Седмиот и одлучувачкиот меѓусебен дуел е закажан за 14 март со почеток од 17.30 часот по македонско време, а победникот ќе се соочи со ЦСКА Москва во четвртфиналето.