
Третото коло од новата АФЛ сезона започна со изненадувачкиот прв овогодишен триумф на Вестерн Булдогс, кои ги совладаа Бризбејн Лионс со (10.7) 67-53 (7.11).
Во текот на целиот натпревар преовладуваше резултатската неизвесност, која претежно беше на страната на домаќините.
На претходниот меч против Ст. Килда Сеинтс, првиот пик од драфтот во 2020, Џамара Угл-Хаган, претрпе навреди на расистичка основа поради неговото абориџинско потекло.
Сепак, фудбалерот на Булдогс извлече мотивација од целата ситуација и денес ,,блесна” на ,,Марвел Стадиум” со вкупно пет гола.
Од неговите соиграчи, уште два гола додаде новото засилување од Фриментл Докерс, Рори Лоб (2.0), а по шест поени во еден наврат донесоа Бејли Вилијамс (1.2), Арон Нотон (1.0) и Оскар Бејкер (1.0).
Од противничкиот табор, најефикасен беше поранешниот ,,булдог”, Џек Ганстон (3.2), додека по 6+ поени имаа Леки Нил (1.1), Ерик Хипвуд (1.1), Чарли Камерон (1.1) и Кем Рајнер (1.0).
Со натпревар повеќе во однос на конкурентите, двете екипи се наоѓаат на дванаесеттата и на тринаесеттата позиција со учинок од 1-2.