
Во рамките на синоќешната НХЛ програма, Едмонтон Оилерс им го нанесоа вториот врзан пораз на ЛА Кингс, совладувајќи ги со 2-0.
Водство на домаќините им донесе Евандер Кејн во првата третина, а конечниот резултат го постави Конор МекДејвид во третиот период.
Одлична партија за Канаѓаните имаше голманот, Стјуарт Скинер, кој го освои првиот овосезонски шут-аут со 43/43 одбранети шутеви.
Во Западната конференција, дури шест ркипи се во директна борба за првата позиција при што Едмонтон и ЛА Кингс ги заземаат третото и четвртото место.