понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна ИНТЕРВЈУ

Салихи: Рекордерка сум по освоени титули во Македонија

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
мај 28, 2020
📁 ИНТЕРВЈУ

Здраво. Јас сум Афродита Салихи и ми причинува голем чест, што ќе одговорам на овие 11 прашања, а вие се надевам ќе го задржите своето внимание и ќе ве заинтрегира:

1.Кога за прв пат почуствува дека ќе се занимаваш со фудбал ?

Јас за прв пат почуствував дека моја идна професија ќе биде фудбалот уште кога имав шест-седум години. Постојано си играв на таа возраст со топки, а куклите завршија во канта.

2. Дали фудбалот е прва твоја љубов или имаше обиди да се занимаваш и со друга професија ?

Фудбалот беше и остана моја најголема љубов. Немав никаква желба ниту предиспозици да се занимавам со некој друг спорт.

3.Кој го откри твојот талент ?

Мојот талент го откри татко ми. Започнавме заедно со брат ми, но него не го привлекуваше фудбалот, па јас со татко ми продолжив да гледам во живо натпревари, па се роди голема љубов спрема фудбалот.

4.Кој е првиот тренер со кој имаш соработувано и од кој тренер најмногу научи ?

Мојот прв тренер беше Добре Димовски. За мене најдобриот тренер и селектор. Со него започнав и научив многу за фудбалот. Благодарна сум му на се што постигнав и на се што научив. Воедно му благодарам и на сегашниот тренер Илија Мандаров од ЖФК Драгон во кој клуб моментално настапувам.

5.Можеш ли да ни го доловиш впечатокот од првиот твој тренинг ?

Првиот сериозен тренинг ми беше на 13-годишна возраст, се сеќавам имав многу трема, беше возбудливо, имав потешкотии, но сепак од тој момент фудбалот е дел од мојот живот.

6.Настапуваш на позиција напаѓач. Какви карактеристики треба да се поседува за оваа позиција?

Да настапувам како напаѓач. Моја работа и задача е да ги совладувам противничките голмани и да носам победи за мојот тим.

7. Имаш долгогодишна успешна кариера. Во кој клуб ги имаш најубавите сеќавања и успеси ?

Имам настапувано за Шкипоњат, Наше Такси, Кочани, Олимпија од Бугарија, Единство, Атлетико од Битола, Истатов и Драгон. Најубавите и најголеми успеси ги имам со мојот прв матичен клуб тимот на Шкипоњат со кој освоив пет шампионски титули, како и пет куп титули. Имам индивидуална титула за најдобра фудбалерка на Македонија, два пати во шампионатот бев најдобар стрелец. Вкупно во кариерата имам девет шампионски титули и девет куп титули, што ме прави рекордерка во ова постигнување на освоени титули.

8.Имаш репрезентативно искуство. Мислиш ли дека си изоставена неоправдано и дали ако добиеш повик за настап дали позитивно ќе одговориш?

Најпрвин да го поздравам селекторот. Веднаш ќе кажам дека причината за моето отсуство од репрезентација е бидејќи откако го напуштив клубот кој што го водеше селекторот, веќе не ме повикува во репрезентација. Причината е толку едноставна. Мислам дека овие луѓе не заслужуваат да ја водат оваа селекција. Доколку добијам повик секако категорично ќе го одбијам.    

9.Дали гледаш перспектива и напредок во блиска иднина како во клупскиот така и во репрезентативниот фудбал во Македонија ?

Моменталната ситуација кај нас, кога се работи на клупски план гледам во блиска иднина напредок, но на репрезентативен, ќе бидам искрена и ќе кажам дека со ова раководство не сум убедена дека би имале било каков напредок.

10.Дали на девојчињата им советуваш да се занимаваат со фудбал и дали по завршувањето на кариерата повторно се гледаш во фудбалот ?

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

На девојчињата ги советувам што повеќе да тренираат, да веруваат во себе и никогаш да не се откажуваат. Да го прават сето она што ги прави среќни. По моето завршување на кариера, верувам дека ќе останам со некаква улога во фудбалот, за сега не сум размислувала на оваа тема, бидејќи уште горам од желба да играм фудбал и да постигнувам нови погодоци.  

11.Кои се твоите идни планови и каква порака ќе им испратиш на нашите верни читатели на јависејужна.мк ?

Моите идни планови е да профолжам со берба на нови трофеи, сеуште сакам да ја збогатам мојата колекција на пехари. Посакувам да играм Лига на шампиони, па зошто да не и да ја освојам оваа најпрестижна титула. Најважно сега од се, е да помине и се најдобро да се заврши со пандемијата на вирусот и да се вратиме во нормален тек на живеење. На верните читатели на јависејужна.мк сакам да ги поздравам и да им порачам повеќе да посветуваат внимание на нас фудбалерките и нека посетат барем еден наш натпревар.

Share575Tweet
Претходна вест

Сагосен е прогласен за МВП во Франција

Следна вест

(ВИДЕО) НРЛ: Парамата убедливо славеше во Бризбејн

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Лео Созовски: За успех во одреден спорт потребна е напорна работа, се надевам еден ден ќе ги бранам боите на Македонија
ИНТЕРВЈУ

Лео Созовски: За успех во одреден спорт потребна е напорна работа, се надевам еден ден ќе ги бранам боите на Македонија

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
07/Ное/2024
Стефан Мечкароски – Кондициски и фитнес тренер на фудбалскиот шампион Струга ТЛ
ИНТЕРВЈУ

Стефан Мечкароски – Кондициски и фитнес тренер на фудбалскиот шампион Струга ТЛ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Окт/2023
Никола Кутаноски: Со максимална работа во минимални услови ние создаваме Шампиони
ИНТЕРВЈУ

Никола Кутаноски: Со максимална работа во минимални услови ние создаваме Шампиони

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Јул/2023
Ана Петроска: Љубовта која ја чувствувам према Струга ja споделувам преку моите фотографии (ГАЛЕРИЈА)
ГАЛЕРИИ

Ана Петроска: Љубовта која ја чувствувам према Струга ja споделувам преку моите фотографии (ГАЛЕРИЈА)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Јун/2023
Следна вест

(ВИДЕО) НРЛ: Парамата убедливо славеше во Бризбејн

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.