Едно од првите натпреварувања што продолжи после настанатата пандемија е австралиската најквалитетна лига во рагби лиг. Имено, станува збор за НРЛ што беше прекината после првите две одиграни кола.
Првиот натпревар по ре-стартот на сезоната го одиграа Бризбејн Бронкос и Парамата Илс. Двете екипи влегоа во овој дуел со по две победи во првите две кола. Сепак, победничката низа ја продолжија гостите кои славеа со убедливи 6-34.
Единствените поени за Бризбејн ги постигнаа Крофт и Исаако во првиот дел. За Парамата Иглс поентираа Ниукоре, Сиво, Гатерсон, Џенингс, Лејн и Блејк преку есеј односно Мосес преку петте успешни конверзии.



