Оливер Бојчески 1, Хинор Кица 2, , Марина Бојческа 3, Хелидон Кица 4
- ЈЗУ ,, Здравствен Дом,, Струга
- Факултет за Физичка култура, Универзитет во Тетово
- ПЗУ Д-р Марина Бојческа
- Факултет за Физичка култура, Универзитет во Тетово
ВОВЕД
Обновувањето на гликогенските црнодробни и мускулни депои зависи од следните фактори: рехидратација, реминерализација (главно внес на калиум), јагленохидратна исхрана (вид, начин и време на внесување),правилен режим на тренинг и одмор.
Главна цел на нашето истражување е да се направи адекватно планирање на спортската исхрана со цел подобрување на гликогенската ресинтеза после физичка активност која што дирекно зависи од присуството и внесот на калиум преку исхраната или процес на калиумска реминерализација и внесот на јагленохидрати со висок до среден гликемичен индекс во процес наречен – реенергизација. Реминерализацијата (давање на минерали/електролити особено калиум) со цел надокнадување на минералните загуби се спроведува паралелно со реенергизацијата (јагленхидратна енергетска исхрана).
МАТЕРИЈАЛИ И МЕТОД
Планираната исхрана беше спроведена во тек на 4 месеци (натпреварувачка полусезона) на играчите на фудбалскиот клуб ,,Струга Трим и Лум ,,
Од практичен поглед покажавме дека процесот на ремеинерализација и реенергизацијата може да се спроведува истовремено и со првиот оброк по физичката активност кој го направивме во првиот час после физичка активност.
Потребната дневна доза од калиум е 3500мг кој беа внесени со хранителни продукти богати со калиум но и со продукти кои содржат јагленохидрати со висок до среден гликемичен индекс во количина од 300-400 гр.

Продукти со среден ГИ (56 – 71)
суво грозје
ананас
лубеница
суви смокви
цвекло
праз
пашканат
црна чоколада
интегрален леб
мусли
кашести сокови
сладолед
Продукти со висок ГИ (повеќе од 71)
урми
диња/пипун
тиква
кромпир
пченка
ориз
овес
јачмен
млечна и бела чоколада
бел и пченкарен леб
гликоза
корнфлекс
мед
спортски пијалоци
МЕНИ 1
САЛАТА (малула, магданос,пченка,грав) (250 gr)
ГЛАВНО МЕНИ.
Печена или пржена риба (пастрмка) (300 gr)
Интегрален леб со сончогледово и лененово семе (100 gr.)
Варени кромпири (200 gr)
Свежо цеден сок од лимун и цитрон (300 ml)
ДЕСЕРТ
Сите видови на јаткасти плодови ( 100 gr)
Суви сливи (50 gr)
МЕНИ 2
САЛАТА ( морков,цвекло) (250 gr)
ГЛАВНО МЕНИ
Варено телешко месо (150 gr)
Интегрален леб со сончогледово и лененово (100 gr.)
Ориз (200 gr)
Свежо цеден сок од калинка (300 ml)
ДЕСЕРТ
Црна чоколада ( 250 gr)
Сите видови на јаткасти плодови ( 100 gr)
МЕНИ 3
ГЛАВНО МЕНИ
Паста во комбинација со зеленчук (200 gr)
Пилешки стек (150 gr)
Пита од спанач (150 gr)
Сок од боровница (300 ml)
ДЕСЕРТ
урми, смокви ( 200 gr)
МЕНИ 4
САЛАТА (малула, магданос,пченка,грав) (250 gr)
ГЛАВНО МЕНИ
Варено телеско месо со спанаќ (300 gr)
Свежо цеден сок од лимун и цитрон (300 ml)
ДЕСЕРТ
2 пресирани банани
сусам (1 мала лажица)
лененово семе (1 мала лажица)
чија семе (1 мала лажица )
ЗАКЛУЧОК
Следејќи ги правилата на биохемиските основи на правилната исхрана кај спортистите се успеа да се направат мени на исхрана после физичка активност која во себе содржи адекватен баланс на внес на хранителни продулти кои во себе содржат адекватно ниво на калиум но и на јагленохидрати со што се овозможува адекватна гликогенска ресинтеза после физичка активност.
ЛИТЕРАТУРА
Bean Anita. Sports nutrition. 5 th edition. London: Bloomsbury Publishing PLC; 2006.
Dan Benardot. Advanced Sports Nutrition Paperback. 2nd edition. Windsor: Human Kinetics; 2011.
Oliver Bojceski, Hynor Kica, Marina Bojceska. Nutritition in sports – manual for athlets and coaches 2014.
Williams H.Melvin. NUTRITITION for health, fitness and sport. 11 edition. New York: McGraw-Hill;