понеделник, октомври 2, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Колумна: Дали одбојката ќе го детронизира фудбалот во Турција?

Епов Насе ✏️ Епов Насе
февруари 1, 2022
📁 Спорт, Спортски колумни
Photo by: Ahmet Dumanli/Anadolu Agency via Getty Images

Дали одбојката ќе го детронизира фудбалот и ќе ја зазеде неговата популарност?

За жал, на ова прашање сè уште не може да се даде конкретен одговор, но ситуацијата и фактите наведуваат дека одбојката би можела да стане спорт број еден во Турција.

Нејзината популарност е во сè поголем пораст во споредба со најпознатиот спорт во сите делови низ светот.

Ова се должи на фактот дека турските одбојкарски репрезентации и екипи имаат големи успеси на меѓународна сцена и привлекуваат многу поголемо медиумско внимание од сите останати лиги во оваа евроазиска земја.

Женска одбојка:

Најпрестижното европско клупско одбојкарско натпреварување е ЦЕВ Лигата на шампиони. Во женска конкуренција, во девет од последните десет комплетирани сезони (со исклучок на 2019/20, прекината поради КОВИД-19), турските екипи имаа финалист, а во последните единаесет години, дури шест пати, Турција имала европски првак. 

Според бројот на одличја, Турција е третата најуспешна земја во женската ЛШ со дури деветнаесет медали (шест злата, седум сребра и шест бронзи) и се наоѓа само зад Италија (40 медали) и зад СССР/Русија (29 медали).

Најуспешен турски одбојкарски женски клуб е Вакифбанк, кој е актуелен четирикратен светски клупски и четирикратен европски првак. 

Подемот на женската турска клупска одбојка започна од крајот на минатиот век, кога Ечачибаши освои еден ЦЕВ Куп (1999) и еден ЦЕВ Челенџ Куп (1993). 

По кратка стагнација, горенаведениот Вакифбанк, во 2010/11, се искачи на европскиот трон, а само една година подоцна, до истото достигнување стигна и Фенербахче, кој во 2010 го освои Светското клупско првенство.

Ечачибаши, освен двете титули од деведесеттите години, има уште четири медали од ЛШ (злато во 2011/12, едно сребро и две бронзи), уште еден ЦЕВ Куп (2018) и четири медали од Светското клупско првенство (шампион во 2015 и во 2016, едно сребро и една бронза).

Покрај големото трио, во европскиот врв се приклучи и Галатасарај, кој во два наврати, во 2012/13 и во 2017/18, беше полуфиналист на Лигата на шампиони. 

Од 2010 наваму, во само две финалиња на Светското клупско првенство не учествуваше турски тим што дополнително ја потврдува доминацијата на Турција во женската одбојка.

Исто така, покрај клубовите, успеси бележи и националниот тим, кој во 2003 за првпат настапи на Светското првенство во Јапонија.

Во продолжение, Турчинките ги освоија Медитеранските игри во 2005, Европската лига во 2014 и Европските игри во 2015, а се закитија со бронза на Европското првенство и на Лигата на нации одржани минатата година.

Следствено, витрината на женската турска одбојкарска репрезентација е богата со уште деветнаесет меѓународни медали, кои му претходеа на петтото место, освоено на Олимписките игри во Токио. 

Машка одбојка:

Машката одбојкарска селекција е редовен учесник на речиси сите континентални и светски собири, но единствените две титули ги освои во 2019 и во 2021, кога стана шампион на Европската лига.

Освен двете злата, Турците имаат пет сребра и осум бронзи од натпреварувањата ширум земјината топка.

Со оглед на поголемата конкуренција, машките одбојкарски екипи се помалку доминантни од женските. 

ЦЕВ Куп на победниците на куповите и Купот на топ тимови имале само шест турски полуфиналисти, кои го освоиле максималното четврто место: Ечачибаши (1977/78), Винилекс Истанбул (1979/80), Гинеј Санаји (1982/83), Арчелик Истанбул (1998/99), Галатасарај (1999/00) и Ердемирспор (2000/01). 

Првата и засега единствената европска титула за Турција датира од 2012/13, кога Халкбанк го освои ЦЕВ Купот, а само една година подоцна истиот состав беше финалист на ЛШ. 

Во финалето на ЦЕВ Купот се имаат пласирано уште два тима, Зираат Банкаши (2017/18) и Галатасарај (2018/19), а Аркасспор беше полуфиналист на Лигата на шампиони во 2011/12.

Фудбал:

Што се однесува до фудбалот, Турција има огромни достигнувања само во првата деценија на 21. век – трето место на СП 2002, обновено со трето место на Купот на конфедерации (2003) и бронза на ЕУРО 2008.

Најквалитетното домашно клупско првенство, Супер лигата, според истражувањата на „Бличерс репорт“ од 2021, се наоѓа на единаесеттото место во Европа и привлекува бројни странски фудбалери, кои ја реинкарнираат својата кариера на копното помеѓу Европа и Азија.

Сепак, на меѓународен план, големото истанбулско трио, Фенербахче, Галатасарај и Бешикташ, има само два медали.

Фенербахче, во 1963/64 играше во четвртфиналето на Купот на победниците на куповите, а во 2007/08 стигна до истата фаза во ЛШ. Најголемиот европски успех на овој клуб е полуфиналето во Лига Европа од 2012/13.

Слични достигнувања има и Бешикташ, кој беше четвртфиналист на најелитната сцена во три наврати (1986/87, 2002/03 и 2016/17).

Од друга страна, Галатасарај е единствената турска екипа со европска круна, која датира од 1999/00, кога клубот од „Неф Стадиум“ се искачи на тронот во Лига Европа, а истата сезона го доби и европскиот Супер куп.

Споредба:

Во минатото, фудбалските успеси на Турција, како на репрезентативен, така и на клупски план, беа далеку повидливи во однос на сегашните. Сепак, во оваа држава, фудбалот засега го држи приматот токму поради големите ривалства, кои придонесуваат за исполнување на стадионите.

Дербијата помеѓу Фенербахче, Галатасарај, Бешикташ, а во поново време Башакшехир и Трабзонспор, се главната причина за големата просечна посетеност на турските фудбалски стадиони.

Овие екипи, поради блиски контакти со федерацијата, а и поради својот углед, ги добиваат ударните термини.

Од друга страна, одбојкарските хали, иако се далеку помали во однос на стадионите, процентуално се поисполнети и покрај незгодните термини на натпреварите (во текот на пладневните часови на работните денови или во утринските часови од викендот). 

Неодамнешните успеси на одбојкарските екипи ја привлекуваат публиката да присуствува на спектаклите во „режија“ на најквалитетните светски играчи и стратези.

Доколку работите продолжат да се одвиваат во оваа насока, тогаш одбојката, за неполни десет години би можела да стане најпопуларен спорт во Турција, а оваа држава дополнително да се развие во сите останати одбојкарски сфери.

Tags: КолумнаодбојкаТурцијаФудбал
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Нереално издание на Торонто во третата третина вредно за триумф

Следна вест

Џудо Клуб “ДРИМ” oд Струга се врати со медали од меѓународниот натпревар “Трофеј Вршац”

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Фантастичен камбек на терените на Митков со победа после повредата
Ракомет

Фантастичен камбек на терените на Митков со победа после повредата

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
01/Окт/2023
Струга дома со Неготино, Охрид го пречекува тимот на Чантурија (Група-А)
Ракомет

(Видео) Костески останува НАЈДОБАР стрелец во шампионатот на Чешка

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
01/Окт/2023
Петар Заборски овои бронза во Светската карате лига
Останато

Петар Заборски овои бронза во Светската карате лига

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
01/Окт/2023
Лина Ѓорческа славеше во два сета на стартот во Севилја
Тенис

Лина Ѓорческа со титула во Куршумлиска Бања

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
01/Окт/2023
Следна вест
Џудо Клуб “ДРИМ” oд Струга се врати со медали од меѓународниот натпревар “Трофеј Вршац”

Џудо Клуб "ДРИМ" oд Струга се врати со медали од меѓународниот натпревар "Трофеј Вршац"

Последно

Фантастичен камбек на терените на Митков со победа после повредата

(Видео) Костески останува НАЈДОБАР стрелец во шампионатот на Чешка

Петар Заборски овои бронза во Светската карате лига

Лина Ѓорческа со титула во Куршумлиска Бања

Злато за Дејан Георгиевски на силниот Г1 Тирана Опен

Шикоска трета на 21К, штафетата ЗДисциплини трети на 42К (Скопски маратон)

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.