Овој научен труд кој е дело на Прим. Д-р Оливер Бојчески, Проф. Д-р Хинор Кица и Д-р Спец. Марина Бојческа е објавен во реномирани списанија. Во консултација со авторот го пренесуваме на читателите како дел од важната улога на Нутрицијата во постигнување на спортски успех и одржување на добра здравствена и кондициска состојба на спортистот.
АБСТРАКТ
Експертите утврдиле дека клучно за спортскиот успех покрај другите фактори (физичка припрема, техничко-тактичка припрема, психолошка подршка и др.), многу битна улога во постигнување на спортски успех и одржување на добра здравствена и кондициска состојба на спортистот игра Нутрицијата.
Метод на јагленохидратна суперкомпензација е еден од поновите методи на спортската нутритиција каде спортистите во времетраење од 10 дена интензивно постепено и прогресивно ги полнат своите јагленохидратни гликогенски мускулни депоа со цел подобро да се спремаат за почеток на нов турнус во фудбалскиот шампионат.
Ефикасноста на овој метод е утврден во современи лабаратории преку испитување на мускулни гликогенски резерви а се применува дирекно во сите клубови каде има можност да се спроведе ваква исхрана базирана врз научни докази.
Истражувано е направено со играчите на фудбалскиот клуб ФК Струга – Трим Лум, кои се натпреваруваат во ПМФЛ (прва македонска фудбалска лига). На примерок од 30 играчи (комплетен тим) е реализирано ова истражување со цел да се утврдаат ефектите од најновиот метод на спортската нутритиција односно методот на исхрана преку јагленохидратна суперкомпензација. Времетраењето на ова исхрана беше 10 дена за време на интензивен натпреварувачки период.
Во прилог менијата за време на ручек за четири денови, а останатите менија се заштитени и се авторско право на авторот.