Лина Ѓорческа најдобрата македонска тенисерка се пласираше во полуфиналето на турнирот во Куршумлијска Бања (Србија).
Таа денеска успеа да ја победи со 2:0 (по сетови 6:4 и 6:3) Далила Јакуповиќ од Словенија и со тоа да се пласира во следната фаза на овој турнир.




