Ловро Јотиќ е ново засилување на ГРК Охрид.
Хрватскиот репрезентативец (194cm, 95kg) кој има 29 години игра на позицијата среден бек Јотиќ потпиша со ГРК Охрид најмалку до 2026 година.
Доаѓа од екипата на Нексе Нашице од Хрватска, а пред тоа го носеше дресот на бундеслигашот Лајпциг, настапуваше во македонското првенство за Вардар и Еурофарм, како и во данскиот шампион Алборг и хрватскиот шампион Загреб. Има зад себе богата кариера која ќе ја применува од сега во сино/белиот дрес на “Гладијаторите”.




