Историја за македонскиот тенис испиша Лина Ѓорческа, која стана првата македонска тенисерка што ќе настапи на Вимблдон, најпрестижниот тениски турнир во светот.
По две децении посветена работа, труд и откажувања, тенисерката од Тетово го оствари сонот што го сонуваше уште од детските денови. Нејзиниот успех добива уште поголемо значење ако се земе предвид дека доаѓа од земја со ограничени услови за развој на тенисот.
Настапот на Вимблдон претставува круна на кариерата на Ѓорческа и момент што засекогаш ќе остане запишан во историјата на македонскиот спорт.




