Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши својот дебитантски настап на Вимблдон со пораз од шестата светска тенисерка и минатогодишна финалистка, Аманда Анисимова. Американката славеше со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-2, но по натпреварот упати пофални зборови за македонската тенисерка.
Анисимова истакна дека очекувала тежок меч, нагласувајќи дека Ѓорческа пристигнала во главната ждрепка по неколку одиграни натпревари на тревната подлога и покажала квалитетна игра.
„Ѓорческа имаше неколку натпревари тука пред овој меч и игра одличен тенис. Никогаш претходно не сме се сретнале, па ова беше незгоден натпревар од првото коло. Среќна сум што повторно сум на Вимблдон и што изборив пласман во второто коло“, изјави Анисимова по победата.




