Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, е на само една победа од историски пласман во главниот турнир на Вимблдон, откако денеска триумфираше во второто квалификациско коло над Португалката Франциска Жорге со 2-1 во сетови (5-7, 6-2, 6-1).
Во вториот сет Ѓорческа одигра значително поагресивно и посигурно, што резултираше со убедливи 6-2 и израмнување на резултатот. Во решавачкиот трет сет таа целосно доминираше на теренот, дозволувајќи ѝ на противничката да освои само еден гем за конечни 6-1 и пласман во последното квалификациско коло.
На патот кон главниот жреб на најпрестижниот тениски турнир во светот, Ѓорческа ја очекува најтешкиот предизвик досега. Во финалето на квалификациите ќе се соочи со Италијанката Луциa Бронзети поранешна 46. тенисерка на светот и искусна натпреварувачка со забележителни настапи на Гренд слем турнирите.




