1.Кога е основан ЖФК Шкендија ?
-Клубот е основан во 2017 година, претходно беше под името ЖФК Тетово 2017, а во 2019 клубот се преименува во ЖФК Шкендија.
2.Кои се амбициите на клубот и дали вие сте основоположник на овој проект ?
-Нашите амбиции се развивање на женскиот фудбал во нашиот град, вклучување на младите во спортски активности, нормално размислуваме и еден ден на освојување на првото место во Првата женска фудбалска лига и исто така се надеваме еден ден да играме и во Европа.
-На овој проект основоположник сум токму јас заедно со мои пријатели и љубители на спортот, секогаш тие помагаат кога е во прашање развивање на спортот во нашиот град.

3.Дали соработуваат двата клуба меѓусебно ФК Шкендија и ЖФК Шкендија ?
-Досега не можеби во иднина ќе имаме соработка.
4.Кои сертификати и лиценци ги поседувате ?
-Поседувам Б лиценцаво тек е и А лиценцата.

5.Што е полесно да се биде тренер или преставник на екипа ? Кои должности ги имате во клубот ?
-Мислам дека и двете улоги имаат напорен ангажман во клубот, но понапорно е да си во двете улоги истовремено, јас сум тренер и преставник на клубот.
6.Се потешко се стигнува до финансии за непречено работење на еден спортски колектив. Како вие го решавате овој проблем ?
-Со многу тешкотии, ама преживуваме.

7.Дали во Тетово има талентирани девојки кои што сакаат да тренирааат фудбал ?
-Да има многу талентирани фудбалерки, исто така има и заинтеесирани девојки за да играат фудбал, сето тоа во последните 3 години каде што организираме и училишни турнири кои што ни помагаат во пронаоѓаме на нови таленти.

8.На кое ниво е нашата женска фудбалска лига ?
-Во последните неколку години има подобрување на нивото, но треба уште понапорно да работиме за да стигнеме на повисоко и на професионално ниво.

9.Кои се твоите идни планови и каква порака ќе им испратиш на нашите верни читатели на јависејужна.мк ?
-Во иднина се надеваме на подобрување на клубот ЖФК Шкендија со нови таленти.
-На вашите читатели им порачувам да се занимаат со спорт не само со фудбал, било каков спорт, за да бидеме поздрави и во добро друштво.




